Потребни ни се нови Gucci очила – и тоа веднаш!
Gucci ни помага да се подготвиме за совршените топли денови со лансирање на својата нова statement колекција на очила за сонце …
Наречена Hollywood Forever, новата колекција се фокусира на очила украсени со кристали.
Инспирирани од гламурозниот стил на холивудските sвезди од педесеттите години, креативниот директор на брендот, Алесандро Микеле, ја дизајнираше новата колекција како спој на винтиџ естетиката и модернизмот во 2021 година.
Меѓу многуте стилови, се издвојува силуетата Cat-Eye, со геометриска рамка украсена со светкави кристали. Покрај тоа, геометриските рамки доаѓаат со стакло во облик на срце во живописна розова нијанса, додека класичниот дизајн Round-Frane доаѓа во пре-димензиониран формат.