Ова се здолништата кои ќе ги носиме цело лето …
Здолниште со шлиц на страна – за нас е врвно женско парче, со совршен баланс помеѓу секси и елегантно.
Овие модели се појавија на ревијата на Шанел за сезоната пролет / лето 2021 година, под вонвременски јакни од твид и блејзери. Исто така, тие се претставени во порафинирана верзија во вид на одела.
За повеќе фанки верзии, ги видовме кај Miu Miu, колекцијата е посветена на мини здолништа во живописни бои, со или без дезени. Секако, се издвоија разиграните комбинации совршени за летото, а најубавите модели ги претстави Етро. Колекцијата содржи макси здолништа изработени од проsирни материјали и дезени кои не водат кон тропските дестинации.
Конечно, кај Jacquemus, ја видовме нивната варијанта, здолниште на сезоната – миди должина, светли бои во комбинација со сјајни додатоци кои совршено ја надополнуваа комбинацијата на облека.
Погледнете ги најинспиративните модели од ревијата во галеријата со фотографии.