Бидејќи светот во моментот не е најсреќно место, летечката јакна делува како совршено решение, која ќе ни помогне да „одлетаме“ од сите проблеми.
Ендру Костман стана сериозно амбициозен, поместувајќи ги границите на можното, не запозна со летачката јакна Helium-10000, по неверојатниот успех на концептот Yeezy Sneaker.
Како прва од ваков вид, јакната „Helium-10000“ е создадена од носива puffer-јакна која може да се надува, а е изработена од отпорен и ултра лесен „строго чуван“ материјал, кој е дизајниран да го издржи притисокот на хелиумот што треба да се користи за нејзино полнење.
Јакната има цилиндар во своето пакување, што ќе овозможи неколку полнења со текот на времето. Според наводите, Костман бил инспириран да ја создаде кога видел балон со хелиум во раката на дете. Дизајнот на балонот го преточил во дизајн на јакна, кој комбинира безвременски изглед на puffer-модел и традиционален балон.
Јакната Хелиум-10000 сè уште е во фаза на тестирање, но е подготвена за своето големо деби по неколкумесечен развој. Ако сакате да летате некаде со нејзина помош, треба да знаете дека ќе бидат произведени само 100 модели, а нејзината цена ќе започне од 10 000 американски долари, со понуда во дури шест шик шеми на бои.