Ова лето уживајте во свиленкасто мазна кожа и исто таков женствен изглед …
Летото е пред нас, а како што се навикнавме на удобна облека која ни дава комфор, решивме најтоплите денови да ги поминеме во свилени парчиња облека.
Гламурот и женственоста кои долго време ги чекавме се вратија во најубавата форма!
Свилата е актуелна и оваа година, а ако ги погледнеме предлозите на модните дизајнери, ова лето ќе ја носиме во вид на минималистички и лежерни фустани.
За денешниот „стил на денот“ избравме долг златен свилен фустан без ракави со длабоко деколте во комбинација со долг кардиган од кашмир.
Додадовме кожни папучи кои се идеален избор за долги прошетки и кожна торба. Очилата за сонце се тука за да го комплетираме нашиот модерен изглед.