Првата колекција на Mango Homeware најде инспирација во медитеранското поднебје, но и во начинот на живот.
Инспирирана од Медитеранот, колекцијата се состои од основни потреби за вашата спална соба, дневна соба и бања. Така да, во колекцијата можете да најдете постелнина, перници, пижами, бањарки …
Освен што во вашиот дом, со оваа колекција, ќе се чувствувате како да сте некаде на прекрасниот Медитеран, лежите во вашиот кревет со поглед кон морето и дишите свеж морски воздух, ќе придонесете и за зачувување на животната средина затоа што колекцијата е изработени од одржливи материјали.
Ленот и органскиот памук не само што ја штитат околината, туку се и одлични материјали кои се многу пријатни за кожата.