Легендарните чанти, чевли и други детали добија летни, песочни освежувања …
Откако ја покажа својата најнова колекција во Шангај, Марија Грација Кјури ја лансираше линијата, која е посветена на сезоната Диор лето 2021 година. Наречена Диор Голд, новата колекција ни нуди освежени верзии на обожуваните парчиња со потпис на познатата марка, вклучувајќи чанти, облека и многу повеќе.
Во новата колекција, особено се издвојуваат Диор торбите, кои добија златни детали, кои играат улога на акценти. Покрај тоа, секоја силуета е освежува со извезени метални нити, во мешавина од розови, кафени, сини и други тонови.
Освен додатоците, папучите и сандалите ги добија истите детали, а самата колекција е комплетирана со избор на фустани и здолништа кои ја следат истата тема, совршени за топлите летни денови.