Да, можеби не ви се допаѓаат на прв поглед. Можеби не и на втор, но ние ќе ви кажеме со сигурност дека откако ќе ги облечете, нема да се разделите со нив толку лесно.
Удобниве сандали со ремени кои потсетуваат на планинарски модели ги освоија и Инстаграм и креативните тимови на најголемите куќи, кои веќе им дадоа видно место во своите летни колекции.
Зошто ги избираме нив? Тие се практични, модерни и најпопуларни. Нашите омилени инфлуенсерки веќе ги носат комбинирајќи ги со пантолони, шорцеви и здолништа.
Најхрабрите девојки можат да експериментираат со додавање чорапи, како што тоа го прави шпанската блогерка Бланка Миро и навистина ни се допадна нејзината облека. На крајот на краиштата, ќе можете да носите сандали дури и во постудените месеци.
Памучна маица, вашите омилени фармерки со висок струк и некој украсен накит се доволни за да ве натераат да чекорите стилски ова лето во удобни сандали.