Секоја жена мора да има барем една бела кошула во својот плакар. Зошто? Бидејќи тоа е класично парче облека кое можете да го носите на безброј различни начини.
Можете да носите бела кошула дење и ноќе, со фармерки, панталони или здолниште – опциите се навистина бесконечни. Сметајќи дека е едно од најсестрание парчиња облека во гардеробата, белата кошула е подеднакво погодна и за топлите и ладните сезони, затоа што можете да ја носите со омилените шорцеви или под омилениот џемпер.
Доколку сакате да знаете како да носите бела кошула и да ја стилизирате на вистински начин, тогаш погледнете во нашата галерија со фотографии каде ве очекуваат инспиративни примери.