Сонцето ни донесе насмевки, високите температури нè извадија од чизмите и од дебелите јакни, а по излозите на продавниците пристигнаа пролетно-летните нови колекции.
После долгата зима во која преовладуваше сивилото, сè оживеа, како флората и фауната, така и модните парчиња облека.
Зимата, особено претходната, беше во неутрални бои како што се црно сиви или беж нијанси, но шаренилото сепак е резервирано за потоплите денови на пролетта и летото.
А ние, во продолжение откриваме кои бои ќе владеат оваа пролет, но исто така и ова лето …
1. Зелена
Светло зелената (трева), како и минт нијансата, се хит боите на оваа пролет односно лето.
2. Жолта
Пастелно жолтата боја е можеби најпопуларната боја оваа година. Бидејќи пастелно-жолтата е многу нежна нијанса, таа е создадена за разни прилики и комбинации, односно е позабавна верзија на беж нијансата.
3. Небесно сино
Небесно сината боја, на спектарот, се наоѓа некаде помеѓу модро сината и светлосината. Оваа боја зрачи со свежина на пролетта, така што нема да погрешите со оваа боја.
4. Розова
После долга серија години во кои силно-розовата боја беше во сенка на бебешко- розовата, ситуацијата се смени и токму оваа е една од хит боите на оваа сезона.