Класични или плетени, обични или дезенирани, предимензионирани или со копчиња – ги избравме најубавите модели за ова лето …
Кој знае дали Жан Рене Лакост некогаш си замислувал дека оваа маица со крагна и копчиња што првично ја носеле поло-играчи во Индија на крајот ќе стане вистинско легендарно парче, а не само за спортистите.
Разновидна и „удобна“ како маица, но и како шик кошула, и понатаму е постојана инспирација за дизајнерите и брендовите.
Најновите и најмодерни верзии се движат од еднобојни до модели со контрастни крагни, ребрести и разнобојни варијанти во риги, не заборавајќи ги преголемите поло маици и оние украсени со копчиња во вид на накит.
Варијации за летото има многу.
Доколку сакате да играте на сигурно, изберете ја комбинацијата „поло и миди здолниште“ – една од најпопуларните на модните писти за пролетта и летото 2021 година – или одберете ја најкласичната комбинација, онаа со црни панталони и патики.
Пред да започнете со комбинирање, погледнете ги нашите совети за купување: за вас во моментот избравме 10 најактуелни модели на поло маици.