Твид костуми, фустани и многу повеќе, инспирирани од поетот, уметник и филмаџија Жан Кокто …
Откако ја претстави својата колекција есен / зима 2021. на почетокот на оваа година, Вирџинија Виар слета во Прованса, поради нејзината ревија Шанел Круз 2021. Презентацијата беше инспирирана од поетот, уметник и режисер Жан Кокто, со референци на панк и рок стил од шеесеттите години.
„Бидејќи Габриел Шанел беше блиска со Кокто, го обожавам филмот Тестаментот на Орфеј. Особено оваа величествена сцена: човек со глава на црн коњ се спушта во Кариере де Лумиес, неговата силуета се истакнува специјално наспроти белите sидови “, објаснува наследничката на Карл Лагерфелд, за својот избор на југот на Франција, како локација за ревијата. „Заради едноставноста, прецизноста и поезијата, филмот на Кокто ме наведе да создадам чиста колекција, со карактеристична ориентација во два тона, т.е. светло-бели и темно-црни тонови.