Сите веќе знаеме дека сончевите зраци можат да бидат многу штетни за нашето здравје, но и за изгледот на нашата кожа …
Токму поради оваа причина е многу важно да се користи крем за сончање на дневно ниво во деловите кои се изложени на сончевите зраци. Освен што може да предизвикува рак на кожата, сонцето може да го забрза процесот на стареење на кожата бидејќи УВ зраците го оштетуваат колагенот и еластичните влакна, што резултира со брчки, сува кожа и хиперпигментација.
За да се избегнат овие несакани последици од сончањето, важно е правилно да се заштити кожата, а за да се обезбеди соодветна заштита на кожата, потребно е да се користи кремот со заштитен фактор во секојдневната нега на кожата.
Меѓутоа, при нанесување крем со заштитен фактор, важно е да знаете колку да нанесете, бидејќи ако го нанесете во премала количина, тој нема да може да си ја заврши својата работа или да ја заштити вашата кожа.
Колку крема за сончање е доволно за да се заштити кожата? Одговорот на ова прашање е two finger метод, односно метод на два прста. Овој метод е многу корисен за да знаете точно колку треба да се нанесе кремот за сончање. Нанесете го кремот, по должината на показалецот и средниот прст и потоа нанесете го кремот на лицето и вратот.