Колку пати сте носеле торби со прекумерна тежина од супермаркетите?
Купувањето намирници е една од активностите, односно “shopping” кој треба да го правиме ако не секој ден, тогаш барем еднаш неделно. Токму при големи набавки на намирници, најголемиот проблем се тешките торби што треба да ги „влечеме“.
Спас за ваквите ситуации се токму количките на тркала, што ни го олеснуваат купувањето или транспортирањето намирници. Освен што се многу практични, тие можат да бидат и одличен моден додаток.
Иако се многу монотони во дизајнот и многу често не претставуваат моден додаток, Зара сфати како да се комбинира удобно со корисно. Дизајнот на нивната количка за купувачи е многу интересен, убав и ретро, што совршено одговара на трендовите во модниот свет.
Набавете си го својот примерок и привлечете внимание на овој корисен, но истовремено и многу впечатлив моден додаток во саботниот метеж, кој ќе ви го олесни животот, односно купувањето.