Пролетта секогаш доаѓа со новини и нашата гардероба првa се менува.
Додека ги броиме деновите до посакуваното враќање во нормала, веќе ги бележиме најважните работи на нашата листа за купување. Штотуку е додаден нов тренд кој го забележавме во понудата на многу брендови, а тоа се цветни патики.
Ако се сметате за љубител на пролетни чевли, тогаш патиките со цветни мотиви ќе ви станат омилени. Дури и класичниот Stan Smith е украсен со цвеќиња и ни е препорачан во одржлива верзија, додека најубавите патики оваа пролет „се облечени“ со цветни дезени и „мирисаат“ на пролет.
Како да комбинирате цветни патики?
Дефинитивно со сите мини и миди фустани од вашата гардероба, со фармерки и шорцеви, но и со сатенски здолништа кои оваа пролет повторно доаѓаат до израз. Без разлика дали се во силни или во понежни бои, цветните патики се допир на обнова кој и треба на нашата гардероба.
Погледнете ги најинтересните модели од новите колекции во галеријата со фотографии:
VANS
STAN SMITH FOREVER, ADIDAS
SUPERGA
GUCCI
SAINT LAURENT