Во новата колекција на обувки од Мансур Гавриел, наменети за сезоната пролет / лето 2021 година, може да видиме четири минималистички силуети, понудени во прекрасни пастелни тонови …
Slingback е опција со мачја пета, идеална за долги прошетки низ градот, додека Square Ballerina е рамен модел со машна на врвот. Square Toe Loafer е елегантен пристап кон класичните чевли без врвки, додека на крајот, моделот Low Mule се одликува со тенка, квадратна пета.
Минималистичките стилови се нудат во светли бои, вклучувајќи розова, светлосина, жолта и зелена лимета. Ако посуптилните нијанси се вашиот избор, во понуда се црна, бела и беж боја.
Официјално сите модели се во продажба on-line, на неговиот вебсајт.