Пачворк трендот не само што е привлечен и кул, туку е и лесно одржлив …
Трендсетерите како Бела Хадид и Џенет Мадсен носат пачворк облека со месеци, а овој тренд го забележавме и на пистите.
Навистина, италијанската куќа Долче и Габана го направи пачворкот главна тема на својата колекција пролет-лето 2021 година, наречена „Пачворк на Сицилија“. Колекцијата е современа, нослива и ексцентрична, претставува поплава од бои и калеидоскоп на стилови, каде што секое парче е уникатно, изработено од ткаенини на стари материјали од куќата.
Од тексас јакни, до шорцеви, фустани или модни додатоци, време е да инвестирате во едно од овие, од vintage инспирирани парчиња.