Славниот актер, продуцент и производител на шампањско, се испроба во улогата на моден дизајнер, благодарение на новата соработка со брендот Бриони …
Холивудскиот миленик се здружи со италијанската модна куќа заедно да лансираат ексклузивна колекција, која се базира на неговиот префинет, машки стил.
Пит е заштитно лице на брендот Бриони од 2019 година и редовно носи ансамбли со нивните потписи на црвенот тепих. Сепак, овој пат, брендот во сопственост на конгломератот Керинг, за прв пат, се здружи со својот амбасадор за да создаде нова колекција.
Соодветно именувана како BP Signature, колекцијата од седум делови комбинира палета на пригушени тонови со игра на текстури, со ненагласен лежерен стил по кој е познат Оскаровецот.
Линијата се состои од парчиња во кои лесно можете да го замислите Бред, вклучувајќи одело со со две копчиња, кашмирско сако, лесен поло џемпер од кашмир и мантил.