Шарените кафтани не се резервирани само за деновите на море, туку се и совршен начин како да изгледате модерно и да се чувствувате пријатно во текот на денот …
Кафтаните како и макси фустаните овозможуваат женствен, скромен и грациозен изглед.
Како што можете да видите на фотографиите што ги најдовме за вас, многу познати личности од А-листа, од Анџелина Џоли до Ријана и Кејт Мос, сакаат кафтани и секогаш ги стилизираат на совршен начин.
За денешниот изглед, одбравме кафтан во пастелни нијанси и го стилизиравме со рамни кожни сандали и една од нашите омилени чанти за пролетната сезона – Shell by Bottega Veneta. За дополнителна доза на гламур и стил, додадовме прстен од 18-каратно жолто злато.
Навистина, нам ни се допаѓа како оваа елегантна облека функционира совршено и за доцна попладне и за вечерен изглед, затоа погледнете во нашата галерија со фотографии каде ќе најдете интересни предлози да ги вклучите кафтаните во вашата гардероба оваа пролет и лето.