Брендот Van Cleef & Arpels ни покажува дека прекрасен јувелирски часовник може многу да понуди освен дијаманти или механичка комплексност …
Нивниот модел Frivole Secrete, кој доби награда Grand Prix во Женева, ќе ве маѓепса со својата убавина и имагинација.
Всушност, можеме слободно да кажеме дека имагинацијата е raison d’etre на целата нивна колекција, наоѓајќи го своето место во секој модел.
Колекцијата Frivole дефинитивно маѓепсува со својата грациозност, додека самото име е доза над потребната провокативност, а часовникот за кој зборуваме овој пат дава се од себе за да го избегне изгледот на стандарден рачен часовник.
Убавината на моделот Frivole Secrete дефинитивно остава впечаток, криејќи ја својата функција на прв поглед. Неговиот нежен цветен мотив го означува како дел од колекцијата „Фривол“, исто како што полираните ливчиња изработени од жолто злато – го кријат својот бројчаник украсен со дијамнтски букет од златни цвеќиња.
Часовникот има дијаметар од 31 mm, што е доволно скромно. Освен тоа, не се носи како вистински часовник, туку како нараквица без никакво затворање. Едно е сигурно, со својата убавина, овој модел е апсолутно импресивен!