Тортите од максималистичките 80-ти се нова опсесија на Инстаграмџиите …
Ако го користите Инстаграм како извор на инспирација, особено во деновите кога сте постојано дома, тогаш многу веројатно сте ја забележале новата „опсесија“ на платформата со ретро колачи кои изгледаат како да дошле од средината на 80-тите.
Тортите од 80-тите се карактеризираат со пастелни бои, многу шлаг, бисери како украси и јасни пораки упатени до славеникот.
Иако се повеќе страници објавуваат фотографии од овие прекрасни „старомодни“ слатки, се чини дека „виновникот“ за лансирањето на овој тренд на колачите слаткарницата е April’s Baker.
Но, што е тоа што ги натера сите да зборуваат за овие колачи од 80-тите?
„На луѓето им треба малку луксуз во животот. Не можеме да ги видиме нашите најблиски, но можеме да им испратиме совршена торта за да ја покажеме нашата љубов “, објаснува слаткарницата зошто овие т.н. кич колачи станаа толку популарни последните месеци.