Златарите на познатата куќа Фабержe покажаа ексклузивен експонат – подарок вреден 2,2 милиони долари, специјално наменет за љубителите на иконичната серија „Игра на тронови“, како дел од десетгодишнината од нејзината премиера – тоа е уникатно јајце, инспирирано од неа ….
Главната дизајнерка на Фаберже, Лиза Талгрен, се здружи со наградуваната дизајнерка на костумите во серијата, Мишел Клептон и Ворнер Брос – за заедно да создадат змејско јајце украсено со накит, кое беше инспирирано од самата Мајка на змејовите, Денерис Таргариен.
„Дизајнот е осмислен како референца на неверојатното патување низ кое помина Денерис, истакнувајќи ја важноста на бојата на нејзините костими, нејзината страст кон нејзините змејови и начинот на кој ги пренесуваше пораките со својот накит за време на серијата“, објаснува костимографот.