Реномираниот бренд за шампањ ја ангажираше Лејди Гага како заштитно лице на нивната последна кампања, чиј дел ќе биде уникатно креирано шише од неа, со ограничено издание …
Овој уметнички потфат ќе ја поддржи и нејзината фондација „Родена на овој начин“, која го промовира менталното здравје кај младите преку своите посебни иницијативи. Најавувајќи го партнерството на Инстаграм, Гага објави видео и промотивна слика на која држи темно виолетово двојно шише Магнум 2006 Брутус Роуз, во необична облека.
Коментирајќи ја кампањата, Гага рече: „Нивните традиции се стари со векови, но тие ги надминуваат своите граници и наоѓаат начини целосно да се трансформираат. Навистина сум возбудена што можеме да го прославиме ова заедно “.