Најспектакуларен поглед кон заливот …
Од својата главна позиција во најјужниот дел на ексклузивниот Corinthian Island, ексклузивната италијанска вила гледа кон јахт-клубот и марината. Во далечина, тој нуди панорамски поглед на Сан Франциско, Алкатраз и Ангелските Острови и иконичниот мост Голден Гејт.
Орнаментално леаните железни порти се отвораат кон паркингот лоциран пред жолтата фасада на вилата.
Нудејќи долче вита стил и романтика на италијанска вила од дваесеттите години на минатиот век, резиденцијата, чија површина е околу 630 квадратни метри, датира од 2002 година.
Еден богат мексикански претприемач, Хавиер Бурило, сопственик на Grupo Televisо, го купил овој имот кон крајот на 90-тите години на минатиот век, срушил сè и поминал две години создавајќи го ова ремек-дело.
Според наводите, тој го ангажирал познатиот архитект Нунси Десантис да го дизајнира домот – вистинскиот предизвик бил максимално да се искористи целиот расположив простор на триаголната парцела.
И покрај компактноста на имотот на кој се наоѓа, Десантис дизајнираше дом на кој не му недостасува приватност, паркинг и удобности – тука можете дури и да уживате во голфот.