Оваа пролет излезете од вашата комфорна зона и наместо еднобојна облека, изберете парчиња со цветни мотиви …
Препуштете се на светли бои и изберете смели панталони со цветен принт. Овие панталони не се нов тренд кој досега не сме го виделе, но секоја пролет повторно „оживуваат“, ни го креваат расположението во мрачните денови, особено со моменталната пандемија која се чини не завршува наскоро.
Панталоните со цветен принт можете да ги стилизирате на различни начини во зависност од пригодата – со бела маица, кошула, јакна или тексас јакна за обични прошетки, додека со високи потпетици и проsирни блузи, овие панталони ќе бидат одлично парче за вечерни прилики.
Погледнете како можете да носите цветни панталони оваа пролет во галеријата со фотографии …