Ниту еден стајлинг не е комплетен без убави очила за сонце…
Оваа го докажуваат најголемите sвезди, од Кендал Џенер и Ирина Шајк, до sвездите на уличната мода.
Кога станува збор за трендот, црните очила за сонце сонце во форма на правоаголник, ги освоија срцата на сите модни инфлуенсерки.
Без разлика дали се предимензионорани, овие очила за сонце се и наша опсесија.
Искрено, воодушевени сме од новиот тренд бидејќи тие совршено ги кријат темните кругови околу очите. Вреди да се инвестира, бидејќи тие се безвременски и прават да изгледате како модерна инкарнација на Одри Хепберн.
За денешниот изглед, ви подготвивме моден стајлинг за пролетната сезона, комбинирајќи миди фустан со цветен принт и тренч мантил, да ве загрее за време на студените денови. Стајлингот го завршивме со чевли, сина кожна чанта и црни правоаголни очила за сонце.