Светла и необична колекција на италијанскиот бренд …
Скоро сè што видовме на претходните ревии, директно или индиректно, беше поврзано со темата удобност и комфор. Но, Долче и Габана избраа сосема поинаква тактика: во моделите од новата колекција за есен-зима 2021, тешко е да работите дома или да излезете навечер со партнерот во блиското кафуле. Во нив можете да освоите космосот или да станете sвезда на Burning Man, бидејќи за што друго ќе ви требаат проsирните „тврди”здолништа попрскани со кристали, заштитни маски со футуристички очила, чизми изработени од метална ткаенина, костуми со „халуциногени“ отпечатоци и огромни јакни, кои изгледаат како да се зголемени во фотошоп?
Се обложуваме дека најлудите забави следната есен ќе бидат исполнети со креации на Доменико Долче и Стефан Габана.