Изминатата година беше тешка за целата модна индустрија.
Сепак, брендовите за висока мода беа особено погодени во 2021 година – недостатокот на настани на црвениот тепих и други празнични прилики, имаше големо влијание врз нивната работа. Модната куќа на Ели Сааб страдаше не само од пандемијата, туку и од насилната експлозија во Бејрут, која остави стотици илјади луѓе без покрив над главата и го уништи нивното студио.
Сепак, дури и со сите овие непријатни настани, либанскиот дизајнер Ели Сааб не го губи оптимизмот – тој е сигурен дека животот ќе се врати во вообичаениот ритам многу скоро, па зашеметувачките фустани ќе бидат потребни повеќе од било кога.
Ги одбравме најубавите креации од неговата нова колекција есен / зима 2021 – гледајќи ги овие фустани, уште повеќе ги сакаме социјални настани.