Создаден како дело на Оксана Салберг – Вачнаџе, руска дизајнерка на ентериери и основач на студиото О2 Дизајн Москва, овој модерен стан се состои од живописни бои и добро избалансирани контрасти.
Инспириран од францускиот минималистички стил, дизајнот на ентериер има одлична палета на бои и смел избор на модели, кои ги нагласуваат модерните линии на осветлувањето и дизајнот на мебел во секоја соба.
Распоредот на станот е многу едноставен – тоа е трособна единица со две спални соби и дневна соба во комбинација со кујна.
Желбата на сопственикот била ентериер со модерен и угледен стил.
Преку жива шема на бои, овој импресивен проект и дизајн на ентериерот се вклопува бидејќи боите на модерното движење совршено се вклопуваат во современиот стил.
Дневната соба е центарот на овој проект. Палетата на бои е полна со светли акценти на жолта и сина, златна и зелена боја кои се забележителни поради белата позадина на sидовите и таванот.
Во центарот на оваа област, има впечатлива тркалезна маса со отворена метална основа, со калено димено стакло потпрено врз основа на сјаен нерѓосувачки челик, што е дело на брендот Бока до Лобо. Просторот исто така располага со живописна жолта фотелја и килим со дезен кој го имитира изгледот на каменот.
Овој светол и радосен дизајн на ентериер покажува како изненадувачката шема на бои, стилските парчиња на мебел и импресивните современи уметнички дела можат да се поврзат и оживеат убавата куќа.