Светската шампионка во тенис и нејзината ќерка позираа заедно во новата кампања на Стјуарт Вајтцман …
Брендот Стјуарт Вајцман ја ангажираше својата глобална амбасадорка и еден многу специјален гостин како протагонисти на својата најнова кампања, наречена „Стапки кои треба да се следат“.
Тригодишната ќерка на тениската sвезда, Алексис Олимпија Оханијан, позираше заедно со нејзината мајка во серија нови фотографии, кои ја ставија колекцијата пролет / лето 2021 година на брендот во центарот на вниманието.
Облечена во пар високи потпетици во големина за возрасни, Олимпија се покажа како природно талентирана за светот на мaнекенството. „Да бидам на снимање со Олимпија додека ја снимав оваа кампања многу ми значеше и дефинитивно е момент кој никогаш нема да го заборавам“, рече Вилијамс. „Таа е мини Серена; таа е толку симпатична и забавна. И, додека се обидувам да ја научам да има позитивно влијание врз нејзината околина, всушност, таа ме учи како да бидам секој ден уште посилна “.