Минатата година, луксузната француска куќа Louis Vuitton го имаше најпосакуваниот модел на чантa, наречен Multi Pochette.
Беше скоро невозможно да се купи бидејќи беше распродадена насекаде, а очигледно тоа ќе се случи и со новиот модел на LV торба наречена Coussin.
Создадена е од јагнешка кожа, порабена со препознатливиот LV монограм. Оваа прекрасна чанта има прилагодлив кожен ремен кој ви овозможува да ја носите и преку рамењата. Може да се носи и според моделите на популарните багет торби.
Моделот Coussin го има во повеќе бои: бела, црна, црвена, каки, кафена, сребрена и зелена.