Сјајни ланци, некои поголеми, а некои посуптилни, динамично се вратија од 80-тите години на минатиот век, за да и дадат луксуз и гламур на секоја можна комбинација.
Тоа не е само уште еден микротренд. Најпопуларните модни куќи во светот ги додаваат во облека, чевли, чанти, ремени и други додатоци, обезбедувајќи ни безброј можности во врска со тоа како можеме да ги додадеме во нашата лична колекција и да ги „поврземе“ со нашиот личен стил.
Во галеријата издвоивме додатоци кои вреди да се видат …