Може да бидете на повеќе места истовремено без да ја напуштите куќата – се што ви треба е Интернет. И денес оваа можност ја искористи Надеж Ване-Цибулски со тоа што го организираше преносот на ревијата на Хермес во три града одеднаш: Њујорк, Париз и Шангај.
Сè започна со настапот во модната престолнина на Америка, а потоа настанот се пресели во Франција неколку минути подоцна, каде дизајнерката ја претстави самата колекција, додека патувањето заврши со посета на Кина со волшебна изведба на танчери.
Но, првенствено нè интересира Париз и она што Надеш го претстави на модната ревија. Според Хермес, еден од главните трендови следната сезона ќе биде темниот тексас – ревијата ја отворија модели облечени во тексас јакни, фустани и палта.
Потоа Ване-Цибулски покажа елеци со реси, широки панталони, капути од овчја кожа и јакни. Колекцијата вклучува и облека од плиш и плетена трикотажа.