Gucci Eyewear патува од Венеција до Вухан во својата најнова кампања за сезоната пролет / лето 2021 …
На едниот сет фотографии можеме да видиме модели во типичен италијански амбиент направен од Даниел Ши, додека на другиот, кинеската актерка Ни Ни ја фотографира Лесли Жанг.
Новата сезона се фокусира на преголемите рамки, без разлика дали се работи за диоптерски рамки или за очила за сонце, со потпис на Алесандро Микеле.
Од гондоли до речни чамци, жените Гучи уживаат во гламурозни патувања. Кристофер Симондс работеше на уметничката насока на снимањето: „Ни Ни носи преголеми очила со квадратни рамки изработени од лесен метал, кои се достапни исклучиво во Кина“.