Британскиот дизајнер Ким Џонс ја претстави својата првата модна ревија на кофекција за модната куќа Фенди …
Како и самиот Рим и брендот Фенди не создаден за еден ден: Адел и Едуардо Фенди ја отворија својата прва продавница на Виа дел Плебисито уште во 1926 година. Од тогаш, се случија многу работи во самата модна куќа.
Фенди е барокна модна куќа. И иако Џонс беше забележително воздржан, тој сепак успеа да го потенцира карактеристичниот шик на брендот: долги, строги палта со женска ароганција, секси тесни фустани и одлични детали – долги крзнени реси и сјајни свилени додатоци. Во основа, тој го изрази својот луксуз со комплексни кроеви, екстремно фини ткаенини и софистицирани пригушени бои.
Моделите продефилираа низ лавиринти во форма на F, помеѓу расфрлани архитектонски фрагменти.
Сè е претставено во неутрални тонови за да ги рефлектира минералните бои на градот и органските нијанси кои доминираа во историјата на брендот Фенди.