Зимата ја поминавме во топли џемпери и тренерки. Удобноста беше наш приоритет број еден, па затоа во студените денови биравме мека облека претежно во неутрални тонови.
Пролетта доаѓа наскоро и вистинско време е да внесеме малку оптимизам, романса и ентузијазам. Идеално е тоа да го направиме во розова боја.
За да и оддадеме почит на најромантичната сезона, создадовме целосно розов изглед инспириран од уличната мода. Избравме долг кадифен фустан обрабен со тул во пастелно розова боја со сако во фуксија нијанса и сандали. Не заборавајте на вашите розови додатоци, тие се задолжителни!