Златната е една од најпопуларните и најпознати бои, симбол на вредност и силни личности …
Златото од античко време, било синоним за богатство и светлина, топлина и живост. Во дизајнот на ентериериерите, златните завршетоци пренесуваат сензуална душа и желба да ја разубават околината со еден допир на софистицираност. Комбинациите со други елементи на мебел се клучни за создавање елегантна и модерна атмосфера.
MARIONI, бренд кој произведува ламби и елементи за мебел повеќе од 50 години со златен печат, модерност и традиција во Италија, претставија фасцинантна колекција на столни ламби кои се карактеризираат со шармот на златен финиш.
Заводливи, тие се способни не само да ја извршуваат својата функција како извор на светлина, туку да му дадат живот на просторот каде преовладуваат неутрални или светли нијанси, да изненадат во комбинација со темни бои или да ја поттикнат имагинацијата кога ќе се потопат во мешавина на бои добиени од вистински протагонисти.
Тие се „ламби кои знаат да блескаат“, ексклузивни и софистицирани, совршени за оние кои сакаат да му дадат посебен карактер на својот ентериер.