Футуристичкиот и експерименталниот стил на француската дизајнерка дебитира на чевли со високи потпетици, чизми и патики…
По партнерството со брендовите како R-PUR и AWGE, Marine Serre сега се здружува со познатата модна куќа Jimmy choo. Заедно, тие создадоа чизми, патики и бројни други парчиња украсени со нејзините познати мотиви.
„Marine Serre е неверојатен талент – нејзините иновации и експериментирања го привлекоа моето внимание. Нејзините дизајни се смели, полни со самодоверба и инхерентно женствени, што е во совршена хармонија со нашиот јазик во брендот Jimmy Choo.
Marine има свој начин на размислување за иднината, така што оваа соработка дојде практично природно.”
Футуристичката тема се прелеа во шест стилови – чизми до глужд, чизми понудени во нијанси на црна, бела, окер и црвена боја, заедно со дезени на полумесечина, додека темата продолжи на балетанки и салонки. FARO, силуета на патики што има продолжен дел за прстите, содржи кобрендирани детали придружени со кожни влошки.