Постојат голем број хотели во светот кои нудат интересни содржини на сите свои посетители …
Без разлика дали сакате да се опуштите и да уживате во една од најголемите светски метрополи или да копнеете за близок контакт со природата, светот на угостителството секогаш има ас во ракавот што може да го повлече само за вас. Доколку спаѓате во оваа втора група на луѓе, хотелот Каијуан Сенбо е иновативно одморалиште во Кина, кое се состои од ложи во форма на куќи од дрвја, скриени во планински предел.
Земајќи ја природата како почетна точка, импресивното одморалиште им дава на своите гости можност да го пронајдат својот мир и удобност во нивната ложа или да започнат нова авантура низ природниот свет што ги чека надвор.
Секој сет се состои од пет или шест ложи, кои се наредени едни врз други како Лего коцки, додека на гостите им се достапни преку скали или патеки кои ја пресекуваат целата структура. Централната надворешна тераса е фокусна точка за сите ложи и создава уникатен заеднички простор каде гостите можат да се поврзат и да се дружат, да уживаат во погледот и да се релаксираат во природната средина.
Одморалиштето нуди навистина автентично искуство на сите гости кои копнеат по мир и спокој, но секако ќе им се допадне и на сите оние кои негуваат авантуристички дух.