Шик каубојски чизми …
Забележани на нашите омилени sвезди по улиците на светските метрополи, каубојските чизми се уште се во тренд и оваа зима.
Нивната кул, модерна вибрација е секогаш она што го сакаме во секој поглед. Ги видовме комбинирани со шорцеви, панталони, кратки фустани и миди здолништа.
Секогаш се носиви и додаваат “western” изглед на секоја модна комбинација.
Денес, ви предлагаме шик и елегантен стил за викендот кој следи. Одбравме каубојски антилоп чизми со миди карирано здолниште и кожен црн горен дел. Беж волнено сако од волна, дефинитивно ќе го комплетира вашиот изглед.