Сезоната на џемпери е во полн ек, а ние ги сакаме преголемите и супер удобни кои не загреваат во текот на студените зимски денови…
Покрај топлите плетени џемпери, оваа сезона се истакнаа и големите кардигани. Светските sвезди и модните инфлуенсерки ги обожуваат и тие се сè што ви треба за да создадете модерен и удобен изглед.
Додека Хејли Бибер ни одржа лекција за создавање спортски стил со кардиган во главната улога, други sвезди на уличниот стил ни покажаа дека кардиганот може да се користи и за создавање шик и елегантен стил.
За денес одбравме кардиган со монограм изработен од волна во беж и црвена боја. Најдобро одговара со миди кожно здолниште и црни чевли за елегантен изглед. Торба со животински принт, дефинитивно ќе го направи вашиот изглед шик и софистициран.