Дева Касел се враќа на сцената појавувајќи се во новата кампања на Долче и Габана за новата линија на мириси …
(Дева Касел е ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел)
Фотографирана од Бранислав Симончик, убавата Дева позира на брегот на езерото Комо, промовирајќи го новиот парфем Dolce Rose. Облечена во прекрасен бел фустан со sвонести ракави и детали од тантела, Дева е визија за природна убавина.
Новиот мирис, Dolce Rose, е опишан како овошна-цветна мешавина со ноти од ружа, зелено јаболко, сандалово дрво и мандарина. Дизајнот на шишето носи црна лента врзана во машна, како елегантен детаљ што ја носи целата приказна на ново ниво.
„Дева е совршено олицетворение на весело расположение и разиграна енергија на Dolce девојките“, стои во официјалното соопштение на брендот.
рекламна кампања …