Блузи со машна околу вратот се совршен пример за безвременски и елегантни парчиња облека …
Елегантни и гламурозни, тие се она што ви треба кога барате женствен и елегантен изглед. Нив често ги носат дами од кралското семејство, како што се Кејт Мидлтон и кралицата Ранија од Јордан, а станаа прилично популарни во последните неколку сезони.
Можете да ги стилизирате на лежерен начин ако ги спарите со фармерки или со мини здолниште или да се облечете како што тоа го прават sвездите на уличен стил.
За денешниот изглед, сакавме да ја потенцираме елеганцијата, инспирирана од изгледот на нејзиното височество кралицата Ранија.