Амазон неодамна го претстави дизајнот за следниот дел од своето ново седиште во Арлингон и мора да признаеме дека изгледа неверојатно …
Дизајниран како спирална стаклена кула покриена со дрвја која се издига над панорамата на остатокот од градот, овој облакодер се издвојува од очигледни причини. Зградата го доби името Хеликс заради својата интересна форма која е инспирирана од природната убавина на двојната спирала.
Креирана како дизајн од компанијата NBBJ, која инаку стои и зад просториите на Амазон во Сиетл, во форма на сфера.
Според компанијата, уникатната зграда ќе има две патеки за пешачење низ својот уреден терен што ќе се обвиткува од надворешната страна, а во неа ќе има растенија кои можат да се видат на планините во државата Вирџинија.
Облакодерот исто така, ќе вклучува резиденцијални програми за престој на локални уметници и тури кои ќе бидат отворени за јавноста.
Покрај тоа, ова седиште ќе понуди 280.000 м2 нов деловен простор, распореден на неговите 22 ката. Ќе има позитивно уреден ентериер, изобилство на природна светлина и чувство на поврзаност со надворешниот свет.
Дел од зградата ќе биде и 2,5 хектари земјиште за јавна употреба, кое ќе биде отворено за пешаци, велосипедисти и јавни настани.
Проектот исто така вклучува електрично централно греење и ладење, кое ќе работи благодарение на сто проценти обновлива енергија које доаѓа од соларна фарма.