Колекцијата содржи дизајни изработени во соработка со познатиот сликар Peter Doig …
Колекцијата за машкa мода Диор есен / зима 2021 година беше претставена минатата недела, создадена под креативно водство на уметничкиот директор Ким ЏоУнс.
Инспирирана од машката екстраваганција на церемонијалната облека, колекцијата содржи парчиња создадени во соработка со уметникот Питер Доиг, кој е роден во Шкотска, а живее во Тринидад.
Нацртаните дизајни на Доиг може да се видат во форма на лав на шапката Dior Bowler. „Идејата произлезе од приказот на растафаријанскиот лав на sидовите на зградите, поцинкуваните огради и маиците“, објасни уметникот. Другите модели вклучуваат палто со ревери на кое е претставено уметниковата слика на Млечниот пат.
Иконичните Bar блејзери сега се со покриени копчиња.
Погледнете ја целата колекцијата на видеото подолу …