До крај на месецов, модната куќа Шанел ќе претстави нова модна колекција, а во пресрет на ревијата, тимот на брендот претстави тизер за мини филм снимен од холандскиот фотограф, режисер и графички дизајнер Антон Корбијн. За само 15 секунди, тој успеа да ги потопи гледачите во атмосферата што владее во студиото Шанел. Првите снимки покажуваат дека Вирџинија Виард ќе продолжи да експериментира со ткаење на твид, во колекцијата ќе има многу бои, а како и секогаш, максималното внимание ќе се посвети на деталите.