„Момент на обединување со природата, момент на личен мир“.
Лична оаза од мината година (а изгледа и оваа година) е паркот. Единственото место во градот каде можете да најдете мир и одредена сила на осаменост во нашиот неразбирлив „нов свет“. И само „вдишете“ по долгото „седење“ во домот.
Креативниот директор на брендот Гучи, Алесандро Микеле, мечтае за зимски парк, каде лисјата се расфрлани на земја, маглата се крева, а само верверички и птици можат да ви прават друштво.
Токму тоа спокојство во еден лондонски парк и светиот момент на заронување во себе, служеа како позадина за новата кампања на Гучи во која се појавуваат четирите омилени торби на брендот: GG Marmont, Jackie 1961, Gucci Horsebit 1955 и Dionysus.
Главните хероини на оваа претстава се талентираните жени од нашето време: соул пејачка Селесте, дизајнерката Алекса Чанг и актерката Ванеса Кирби.