Работата од дома стана повеќе од нормално во текот на изминатата година, благодарение на пандемијата на коронарниот вирусот …
Во тој период, ние жонглиравме со нашата работа и другите домашни одговорности, во рамките на нашите четири sида. Многумина не успеаја да се справат со новонастанатата ситуација, па работата од дома стана вистински пекол за нив – премногу работи ги деконцентрираа, не успеаја да најдат тивко место за работа без врева од семејството или едноставно не се одвојиа од гледањето на нивните омилени серии, кои им беа на дофат на раката.
Сето ова е при крај вели брендот OpenSeed, благодарение на медитативната капсула, која делува како дар од боговите.
Дизајнирана како портал во сосема поинаков свет, капсулата е создадена како дело на брендот OpenSeed. Оваа компанија верува дека „човечката раса ќе пристапи до повисоки нивоа на свест, не преку развој на надворешна технологија, туку преку внатрешно патување“, а капсулата им овозможува да го сторат токму тоа.
Внатре во капсулата, можете да уживате со скрстени нозе, а исто така можете да поканите пријатели или дел семејство да ви се придружат за време на релаксирачка сесија. Таа содржи аудио поставки кои ќе ви овозможат да уживате во смирувачки тонови преку слушалките или преку нејзините скриени звучници. Исто така, дел од капсулата се и вентилаторите за регулирање на температурата, УВ-светла што се занимаваат со дезинфекција и touchscreen таблет кој ќе ви овозможи да одберете водење на сесиите и звучни терапии.
Капсулата е изработена од иверица и филц.