Уживајте во новата смела понуда на познатиот бренд Agent Provocateur …
Брендот познат по своите луксузни парчиња на долна облека, ја претстави својата колекција за Денот на вљубените, која содржи декадентен асортиман на градници, долен веш и жартиери, во розови, црвени и бордо тонови.
Сензуалната придружна кампања нè воведува во нови стилови од колекцијата, вклучувајќи ги и боксерките Je T’Aime, украсени со пом-пом топчиња и танга гаќички Фаби кои се едвај присутни.
Cupid комплетот, содржи танга гаќички и градник, а е украсен со нежни тантелни срца, додека жартиерите Харло се украсени со украсни кмчиња и тантела..
Кога станува збор за класични парчиња, во понудата се и нови минималистички стилови, како што се градникот Милена и слипот Гизел.