Villa Firenze е масивна градба во густо населениот Беверли Хилс и со продажна цена од 160 милиони долари, тоа е дефинитивно најскапиот имот во светот во моментот …
Имотот, во кој се наоѓа главната куќа и трите згради за гости, им нуди на идните сопственици повеќе од 1.858 м2 простор за живеење, со вкупно тринаесет спални соби, седумнаесет големи купатила и осум помали. Станбениот дел се наоѓа на речиси десет хектари земја во паркот Северен Беверли парк, со солга патеката за трчање.
Од самиот влезот до имотот, со приватен пат и кована железна порта, патеката води кон отворен двор со палми лоцирани покрај паркингот доволен за триесет автомобили.
Сè што ја опкружува оваа прекрасна вила е подеднакво спектакуларно, има базен сличен на оној во големите одморалишта, апсолутно доминантен на предниот дел од имотот пред куќата, заедно со џакузи, дополнителни објекти поставени на секоја страна и надворешна кујна.
Сите безбедносни протоколи се активни во текот на денот и ноќта, додека Еди Марфи, Дензел Вашингтон, Силвестер Сталоне и Еди Марфи вреди да се споменат како некои од најблиските соседи.
Ултра луксузната вила е изградена во близина на двете легендарни шеталишта во Лос Анџелес, Булевар Сансет и Мулхоланд Драјв, но и на околу десетина километри од регионалниот приватен Ван Нојс аеродром.