Откако ги избриша сите сметки на социјалните мрежи, брендот Bottega Veneta ги претстави своите нови стилови Chain Cassette чанти и Stretch сандали.
Ова ново издание го означува најновото партнерство меѓу познатата модна куќа и платформата за онлајн шопинг, MyTheresa. Популарната Cassette силуета е освежена со луксузен сомот во бојата на песната, наречена Porridge. Чантата е придружена со два задебелени ремени во форма на ланец, кои и даваат возвишено чувство.
Stertch сандалите се покриени со змијски дезен, кој содржи мешавина од светло-кафена и црна боја. Овој модел е комплетиран со ѓон во форма на квадрат, а за врвен шик изглед, двата новитета се комбинираат со комплетно црна комбинација на облека.